VibeOn Edu Logo

VibeOnEdu.mk

Прва и единствена платформа за финансиска едукација на млади во Македонија, создадена од Шпаркасе Банка.

w-full

Добре дојде на VibeOnEdu.mk – твојата омилена платформа за финансиска едукација!

Се прашуваш како да управуваш со своите лични финансии или со финансиите на својот бизнис?

Ние сме тука да ти помогнеме!

VibeOnEdu.mk – првата и единствена платформа за финансиска едукација за млади во земјава создадена од Шпаркасе Банка, е место каде што ќе научиш сè што ти треба за да се подготвиш за финансиски успех. Курсевите на платформата се динамични, забавни и приспособени за тебе за да можеш да ги следиш во своето слободно време.

Advisors Image

Зошто да се приклучиш?

Едноставно – затоа што сè што ти треба е тука, и тоа бесплатно! Два модула, 15 курсеви и 15 сертификати, кои ќе ти отворат нови можности. Со секој завршен курс ќе добиеш сертификат и ќе стекнеш беџови што ќе го потврдат твоето знаење и ќе бидат од голема вредност за тебе. Од основите на управувањето со лични финансии, до паметни финансиски одлуки што ќе ти помогнат да започнеш успешен бизнис – сето тоа ќе го научиш преку платформа што е направена за млади, како тебе!

w-full

Како ќе ти помогне оваа платформа?

Оваа платформа е создадена од млади, за млади! Тим експерти од различни области ја развија со учество на повеќе од 250 млади лица, па затоа платформата е дизајнирана со твоите потреби на ум – флексибилна и лесна за користење, со можност да учиш кога и каде ти одговара.

Како ќе изгледа твоето патување на платформата?

Нека не те загрижува дали ќе можеш да ги следиш курсевите – сите се дизајнирани да бидат забавни и лесни! Тоа не е сè! И за да биде уште попријатно, тука се нашите пријатели, твоите нови фин-другари, Гордан и Бранка од Шпаркасе Банка, кои ќе ти бидат водичи низ целиот процес. Тие ќе ти покажат како да ги направиш првите чекори во светот на финансиите!

Што чекаш? Регистрирај се денес и започни го своето патување кон финансиска сигурност. VibeOnEdu.mk – твојот вајб за финансии!

80% од успешните луѓе имале финансиско образование.

Започни сегаArrow