VibeOn Edu Logo

За Шпаркасе Банка

Лидер во банкарскиот сектор, посветена на создавање вредности за своите клиенти, вработени и за локалната заедница.

200 години успешна работа и традиција!

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од австриската групација „Steiermärkische Sparkasse“. Со повеќе од два века искуство, Шпаркасе Банка се истакнува како лидер во банкарскиот сектор, посветена на создавање вредности за своите клиенти, вработени и за локалната заедница.

Клучните вредности на нашата банка?

Aгилност, партнерство, страст, изворедност и доверба, додека во рамките на нашата платформа Sparkasse Life, ја поддржуваме корпоративната општествена одговорност преку проекти кои се фокусирани на култура, образование, здравство, спорт и заштита на животната средина.

VibeOnEdu.mk: Финансиска Едукација за Идните Генерации

Шпаркасе Банка е горда на тоа што ја лансираше првата и единствена платформа за финансиска едукација во Македонија – VibeOnEdu.mk. Платформата е посветена на финансиска едукација и поддршка за младите, со цел да им помогне да стекнат значајно финансиско знаење. Со нејзиното постоење, создадаваме трајни вредности кои ќе им користат не само на сегашните, туку и на идните генерации.

Посветен тим од нашата банка, внимателно ја создаваше оваа платформа, бидејќи веруваме дека финансиското знаење е клучот за изградба на поуспешна иднина. Нашето VibeOn семејство брои повеќе од 35.000 млади, за кои постојано обезбедуваме и ги доградуваме посебните погодности и можности кои ќе им помогнат да го изградат својот пат кон успехот. Со VibeOnEdu.mk, ја поставуваме основата за идните генерации да бидат финансиски писмени, самоуверени и подготвени да направат паметни избори за својата иднина.

Ние сме тука за вас, да ги отвориме вратите на новите можности и да го направиме патот до финансикиот успех појасен и полесен. Заедно ја градиме иднината!

#ВерувајВоСебе #ВерувајВоИднината

80% од успешните луѓе имале финансиско образование.

Започни сегаArrow