VibeOn Edu Logo

Политика за приватност

Шпаркасе Банка АД Скопје, како дел од Steiermärkische Sparkasse Групацијата е правно лице кое согласно Законот за заштита на личните податoци и одредбите на Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR) и важечките прописи е дефинирано како Контролор кој ги собира, обработува, користи и анализира личните податоци на своите вработени.

Банката како работодавач и контролор на вашите лични податоци е високо свесна за важноста што ја имаат личните податоци за секоја индивидуа. Согласно на тоа, целосно го почитува правото на приватност на своите клиенти при обработката на нивните лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податoци и одредбите на Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR).

Целта на Законот за заштита на лични податоци е заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци на физичките лица.

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Контролор на збирки на лични податоци Шпаркасе Банка АД Скопје ул. Васил Иљоски бр.14, 1000 Скопје Тел.: + 389 2 15 050 Факс: + 389 2 3200 515 Е-mail: [email protected]

Овластено лице за лични податоци и контакт: Офицер за заштита на лични податоци Блаженка Мицевска Пејкова Тел: + 389 2 3200 507 07 Е-mail: [email protected]

Лични податоци кои ги обработува Банката и изворите од кои ги добива

Банката ги обработува личните податоци кои ги добива лично од Вас во оригинална форма при најава и користење на С-Портал. . Вашите лични податоци кои Банката ги обработува при користење на платформата се: Име и Презиме
Пол
E-mail адреса
Град
Датум на раѓање
Тел број за контакт
Корисничко име

За кои цели се користат личните податоци и информации?

Собирање и обработка на лични податоци Нерегистрирани корисници Собирањето податоци при прегледување на интернет страниците на платформата е анонимно и при тоа не се собираат податоци кои би овозможиле вашата лична идентификација, како што се име и презиме, адреса, телефонски број или е-маил адреса (во понатамошниот текст: лични податоци). Податоците што се собираат можат да вклучуваат, тип на прелистувач, име на домен, време на пристап и адреси на веб страници. Овие податоци ќе се користат за анализа на посетеноста на веб страницата и за подобрување на корисничкото искуство.

Регистрирани корисници Особено е нагласено кога се потребни одредени лични податоци (корисничко име, е-маил адреса, година на раѓање) за обезбедување дополнително корисничко искуствo. Овие податоци ќе се обработуваат за целите на креирање на корисничка сметка на образовната платформа VibeOnEdu.mk, за да се овозможи следење на успехот на корисникот. Собраните податоци Банката ги обработува исклучиво за целите на мерење на напредокот во знаењето, како и за подобрување на корисничкото искуство и содржината на образовните програми. Овие податоци не се комбинираат ниту поврзуваат со податоците што Банката ги има за своите клиенти. Податоците со дозвола на корисникот може да се користат за рекламирање на производи и услуги на Банката. Со внесување на лични податоци во предвидените полиња на веб страниците, ги потврдувате вашите лични податоци како доброволно ставени на располагање и дозволувате да се користат за истата цел за која се дадени.

Корисници на лични податоци

Пристап до лични податоци имаат овластени лица вработени во организационите единици во Банката, како и ангажирани лица заради исполнување на договорните и законските обврски, или кои имаат легитимен интерес. Банката може да дава информации за своите клиенти само ако тоа претставува законска обврска, договорна обврска или доколку клиентот има дадено согласност за тоа, како и за потребите и целите на ревизија, доколку тоа е неопходно за ревизорската активност

Рокови на чување лични податоци во Банката

Банката ги чува личните податоци не подолго од тоа што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Банката има потреба да ги заштити сопствените права пред судските или другите органи и додека постои законска обврска да ги чува податоците. По изминување на овој период, во интерно утврдена постапка Банката ги уништува податоците и документите, вклучително и податоците што се обработуваат од трети страни во име и за сметка на Банката.

Пренос на лични податоци во трети земји

Вашите личните податоци ќе бидат пренесени во трети земји (земји на ЕУ, како и земји надвор од ЕУ) само доколку тоа е предвидено со закон/пропис, договор, легитимен интерес на банката или врз основа на дадена ваша согласност, вклучувајќи и пренос во рамките на Групацијата на која банката и припаѓа, надвор од матичната земја.

Права на субјектите за заштита на личните податоци

Принципот на отчетност и транспарентност е фундаментален принцип на секој систем за заштита на личните податоци.
Банката како контролор има воспоствено принципи и механизми за транспарентно информирање и остварување на правата на субјектите на личните податоци согласно Законот.
Банката го информира субјектот за личните податоци за неговите права и обврски во моментот на прибирањето на податоците односно оставурвање на деловната соработкa.

Според Законот за заштита на личните податоци, базичните права за заштита на лични податоци се:

За сите прашања и остварување на своите права субјектот на личните податоци може да достави Барање/Приговор и да ја контактира Банката преку:

Образец за Барањето/Приговорот може да се преземе од веб – страницата на Шпаркасе банка.

Банката откако ќе го утврди идентитетот на подносителот на барањето во предвидениот рок ќе достави информација за преземените активности врз основа на членовите од 16 до 26 од Законот за заштита на личните податоци до субјектот на личните податоци без непотребно одложување во законски предвидениот рок од 30 дена. Доколку е потребно овој рок може да биде продолжен до три месеци земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. Во тој случај контролорот ќе го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето.

Приговор може да се упати и директно на регулаторното тело Агенцијата за заштита на лични податоци (за повеќе информации видете на www.dzlp.mk).

За дополнителни информации контактирајте го нашиот Офицер за заштита на лични податоци Блаженка Мицевска Пејкова на тел. +38923200507,и e- mail: [email protected]